возрасен (прид.) - човек (имн.)

Овде бараат тие сѐ да осмислат и да оправдаат а таму, кај возрасниот човек, би сметале за своја должност да направат некоја повеќе или помалку јадовита забелешка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Широкото чело, наборите на неге, испупчените јагодици, длабоко пропаднатите очи, големите веѓи и големиот шапкаст нос, навистина заслужуваа да му се даде епитетот „дедот Петре", како што го викаа селаните од сите околни села каде дејствуваше овој премлад старец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во честарот, спружен на својата сива сакма, потпрен на десната рака, со кусата манлихера во левата, лежеше навален возрасен човек, на триесет до триесет и пет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност Бојс бил тој никој, како што, по мое мислење, бил и мртвиот зајак во wie man dem toten Hasen die Bilder erklart - тој сликите што ги направил како возрасен човек му ги објаснувал на мртвото дете во себе, за во нив да вдахне живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А неговиот воз на спасувачки санки во Das Rudel, 1969, ја сугерира потребата за спасување и за исцелување на раните од детството.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што го привлекло детето била интиуцијата за неговата сопствена историја и време и за присуството на нешто што никој не го забележал”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Сè што ќе работиш, работи го како возрасен човек.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа се сврте, им се придружи на другото дете и возрасниот човек, и тие излегоа низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Жената уште долго остана да стои како скаменета.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега, како возрасен човек, тој знаеше дека постојаната веселост беше само маска зад која се криеше нејзината долгогодишна осаменост, брана без која таа немаше да може да продолжи понатаму.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ако ти е жал за мене, земи копач откопај ме!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ е смрт, сѐ е смрт, мислел со сеќавање на суштество над чија крв веќе управувала судбината на возрасен човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова може да се ЗА ЧУВСТВОТО НА разбере метафорички, но секако упатува кон НЕПОТПОЛНО ОПСТОЈУВАЊЕ темперамент што не ја отфрлил детската визија поради визијата на (фрагмент) возрасниот човек; а оваа паралелност која го прави како поетот така и крими­ jamais reel et toujours vrai (на цртежот на А. Арто) налецот, веројатно и црнопијата и хумористот (се работи само за различни количества, нагласување на последниот или претпоследниот слог, избирања: сега си играм, сега убивам) се забележува во чувството на непотполното опстојување во некоја од структурите, во некоја од мрежите кои ги ткае животот и во кои ед­но­времено сме и пајак и мува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И како да зборува со возрасен човек, продолжи: ”На сите патот ни е таму...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во 1925 година, на пример, вие веќе сте биле возрасен човек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Мора да сте биле веќе возрасен човек пред да се родам јас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сеќавам кога како возрасен човек, женет, со две деца, дома почна со исцрпувачко учење за специјализација по интерна медицина.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Го заградија просторот околу нив, го забранија пристапот, и со години тука истражуваа археолозите, мереа, кружеа, сè дури не открија траги на возрасен човек со секира крај себе и скаменето новороденче крај него.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Наспроти тоа, многу работници во AI имаат многу попрактична ориентација: нивна намера е да се направи механичка интелигенција - не да се разбере нормалниот мозок на возрасен човек.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Таквото дете полека израснува во непоправлив лажач, а бидејќи лагата и лажговците лесно се препознаваат, тоа дете станува несреќен возрасен човек.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во првата случка, како што е вообичаено да се вели, главната личност сум јас, Г.П. - возрасен човек што се труди секогаш да ја кажува вистината.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И се надевам дека книгава ќе се најде во вашите раце, а вие, читајќи ја, ќе видите како еден возрасен човек, кој поминал и детство и младост, гледа на многунешта што нè опкружуваат, што ни се случуваат во нашето секојдневие.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Куќичките од двете негови страни малечки и искривени во разни бои, со прозорчиња со дрвени капаци, зелено и жолто обоени, и со вратнички низ кои одвај може да влезе возрасен човек.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој одамна ни на неа мајко, ни на Митра бабо, туку на име, како возрасен човек.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вратата ја отвори мажж со црни мустаќи и со густа, ситно кадрава коса, кусо потстрижен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Слушнав чекори на возрасен човек и уште едни ситни, детски зад нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)