волшебен (прид.) - приказна (имн.)

Во недоглед се протегнала рамна планинска рудина, опкружена со дебели зелени борови, која се чини како од некоја волшебна приказна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На дебелите паднати и на кутнатите од бура борови стебла, седат вооружени, од сонцето поцрнети луѓе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Дојдени сме како пријатели но можеме и да ги запознаеме вашите закони.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во далечина се лелеел предаприлски воздух и можел да биде река на стопена срма, тек на проѕирни настани од волшебна приказна од која во душите ѕвонат танки жици на тага по нешто што било и што не ќе се повтори веќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Македонски народни волшебни приказни, подготвил Танас Вражиновски, Скопје, 1986.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
АТ'Р - волја, сакање, барање, почит, угодување
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
АЈМАНА - пасиште за стока, за изоглавен добиток
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
О, бесрамна нека ми биде беседата нека биде вечен нескладот меѓу изгледот и суштината постојат волшебни приказни во коишто сѐ е налик на стварноста во коишто нема ништо што би можела да го објаснам ладнокрвно и рамнодушно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)