вонсудски (прид.) - спогодба (имн.)

После добивањето на конечната пресуда во нејзина полза таа потпишува вонсудска спогодба со која се регулира исплаќањето на парите од страна на работодавачот и тоа на две рати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во врска со неисплатените 25 плати, кои работодавачот му ги должи на Митревски, тој истакнува дека со установата имаат склучено вонсудска спогодба во која се прецизира истите да му бидат исплатени во рок не подолг од три години од неговото повторно враќање на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Односот на претпоставените е во рамките на нивните деловни овластувања, а неговите права од работен однос сосема се почитуваат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на судскиот процес Ф.И. продолжи да работи на нејзиното постојано работно место, а односот со работодавачот за време на процесот може да се опише како коректен и во рамките на деловните овластувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ова реагираше и самиот судија и на тужениот работодавач му предочи дека „недоставувањето на писмено соопштение за отказ е прекршок кој се казнува со закон“.6 Исто така, на ова рочиште, од страна на судијата беа одбиени и некои други предложени, а неиздржани „докази“7 – како што се некои извештаи за работа, прегледи и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова адвокатот на К. П. на тужениот работодавач им предложи вонсудска спогодба, што беше и прифатено, па тие потпиша ваков договор, по што К. П. беше доброволно обештетен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)