вообичаен (прид.) - начин (имн.)

Како што се случува често, тие исчезнаа за една година или нешто повеќе, така што не се знаеше дали се живи или мртви, а потоа ненадејно беа вратени, за да се обвинат самите себе на вообичаениот начин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Ова бил вообичаен начин на казнување во царска Кина“, рече О'Брајан дидактички како обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Последниот цитат во извесна мерка дури и звучи како нешто што јас би можел да го кажам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во основа се сложувам со она што го вели Витгенштајн ако го употребуваме терминот “проблем” на вообичаениот начин на кој го употребувавме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ема беше изненадена од ваквата провокација искажана низ директно прашање, што не беше вообичен начин на општење на нејзиниот претпоставен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Единствено кога телото е така издиференцирано од останатите, сите проблеми опфатени со односот споеност/раздвоеност меѓу целосните личности можат да се разработат на вообичаен начин.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не ги сакам вообичаените начини кои се премногу каузални и очигледни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Поимот „идентификација“, изгледа, е уште еден пример за необработен, непрецизен чувател на местото на некој попрецизен опис или на некоја попрецизна анализа или категорија што засега ја немаме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Идентификација“ е начин да се каже дека машката геј-култура е, некако, комплексно зафатена со ликот на Џоан Крафорд – дека тој лик воодушевил некои геј-мажи, дека неговите фигуративни можности ги погодиле и дека тие емотивно се поврзале со него или дека се понесени од односите на блискост или на совпаѓање или на коинцидентност што успеале да ги остварат со него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Идентификацијата“, „деидентификацијата“ и „вкрстената идентификација“ претставуваат обиди да се артикулира општото, нејасно убедување дека ангажираноста на машката геј-култура со ликот и персоната на Џоан Крафорд остварува нешто важно, нешто значајно, нешто особено вредно за тие што учествуваат во таа култура. ‌Она со што си имаме работа, најпосле, можеби е особен вид на ангажираност што некако ги мобилизира комплексните односи на сличност и различност – но без да воспоставува субјекти и објекти на вообичаените начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го разгледував вообичаениот начин да стигнам до замокот. 80.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)