востаник (прид.) - водач (имн.)

Притиснати од силите на Дургут, Али и Бахтијарпаша од југ, од оние од Џавидпаша од северозапад, сите востанички водачи се најдоа еден ден баш во ова Толево Мариово, каде тој во вистинска смисла на зборот пашуваше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еден прост овчар селанецот Толе Кулиќев ги умири сите востанички водачи со два збора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Востаниците ја разбраа оваа положба и побрзаа да се склонат во оваа непристапна област, чии паша, Толе, не признаваше ни цара ни везира, ниту пак некакви горски штабови, началници и војводи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никој во моментот не се сомневаше, бидејќи и едните и другите бараа уточиште од него, а тој ја имаше уште силата и авторитетот во народот за да го направи реченото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)