врвен (прид.) - позиција (имн.)

Аномалијата или чудесијата на напуштањето на врвната позиција на владеењето, како предизвик на нашите константи, на нашиот идентитет, според Емил Сјоран, може да се случи само во исклучителни моменти, за што се восхитуваат филозофите, а се чудат историчарите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но случајот на владетелот Бургиба како и на многумина други во историјата е сосема спротивен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Париските комунисти, макар што меѓу нив имаше и од ултралевото сталинистичко крило, веруваа дека со нив ќе се солидаризираат југословенските комунисти, меѓу кои имаше голем број шпански антифашистички борци на врвни позиции и тие ќе придонесат да биде ослободен нивниот соборец од шпанските боишта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)