географија (прид.) - простор (имн.)

Беди:Чифте-амамот е еден прекрасен простор, редок, издолжен, различен од другите амами од тоа време, личи на бубачка, змија, бидејќи тогаш архитектурата го почитувала географскиот простор, за Истанбул, се вели, на пример, дека е силуета на облак.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Захаријадис остана на своето - да се создаде географски простор „Слободна Грција”.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Според третото обележје романот има универзален карактер, бидејќи иако дејствието се случува во ограничен географски простор, сите мигранти без цел и без надеж за отворени патишта го имаат животот на ликовите на Луан Старова.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)