германски (прид.) - јазик (имн.)

Силвана Симоска, универзитетски професор по германски јазик Семантичката единица односно конституентите (лексемите) на глобалната метафора Времето на козите во наративниот модус на книгата на времето на тоталитаризмот (сталинизмот), асоцира на оние луѓе кои преку жртвите кои ќе му подигнат храм на својот духовен и идеолошки водач.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Германскиот превод на Раселовиот вовед бил изоставен, бидејќи Витгенштајн сметал дека воведот би бил површен и полн недоразбирања доколку би му се одзела елеганцијата на Раселовиот англиски стил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сепак, дозволува тој да се појави во верзијата на делото која излегува следната година со текст на германски јазик и превод на англиски од Огден.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Хрисостом говореше беспрекорен германски јазик и со оглед на држењето, лежерноста и природниот авторитет што зрачеше од великодостојникот, тој факт им остави уште подлабок впечаток, клучен, како што ќе се покаже, за целото нивно присуство на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Shtraimel шубара, капа од кожув што ја носеле Ашкеназите, на јидиш Sinti малцинска етничка група слична на Ромите, прогонувани и уништувани од нацистите Sukkah колипки од прачки во кои се живеело и обедувало во текот на седумте дена на празникот Сукот Sukkot Празник на колибите, чествување на излегувањето од Египет и библиското четириесетгодишно патување на ослободеното еврејство предводено од Мојсие до Ветената земја Талмуд збирка на записи од доменот на еврејското граѓанско и религиозно право
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Проклет да е Хаман!”, дел од синагогалната служба за празникот Пурим Ashkenazim Евреи од Европа што говорат Јидиш (мн.), јазик призлезен од германскиот јазик Благослов за Ханука „Baruh ata Adonaj, Eloheinu Meleh haolam, asher kideshanu bemitzvotav, vetzivanu leadlik ner shel Hanukkah“ што значи „Благословен си Ти, Името, наш Боже, Кралу на вселената, Кој не освети нас со Своите заповести и ни заповеда да ја палиме светлината на Ханука” 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Заради нив тој го научи сефардскиот, иако ритуалот во синагогата го врши на хебрејски јазик, а проповедите на англиски, кој и по толку децении го говори со заостаток од германскиот јазик и јидишот, еврејска варијанта на германскиот, во посебни пригоди знае да проговори и на ладино, јазикот на основачите на неговата синагога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во текот на тој раговор Лит и Беренц по извесно време се фатија како со пиетет да разговараат за хиерархот од Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ustasha Хрватско националистичко и фашистичко движење
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Eretz Israel Земјата на Израилот, ветената земја на јудаизмот, Палестина Erusin еврејска веридба Eh’yeh asher eh’yeh „Ќе бидам којшто ќе бидам!”, самоидентификација на Бога мистично дадена во идно време Gehennam или гехеном или гехином (םוניהג) е еврејскиот Пекол или Чистилиште.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само Првосвештеникот на Ерусалимскиот храм може да го изговори и тоа само во храмот кој, инаку, веќе не постои, правејќи го така тетраграматонот забранет за изговор од кого било, каде било Yamim Noraim Десетте денови на восхит, десетте денови помеѓу празниците на Рош Хашана и Јом Кипур  Yarmulke еврејско молитвено капче, обредна покривка што се става на тилот  Yehudim припадник на еврејскиот народ Yerushalaim Ерусалим Yeshiva талмудско училиште Yiddish јазик на ашкенаските Евреи, еврејски говор произлезен од германскиот јазик Yom Kippur Ден на искупувањето Дури и кога се работени врз историски настани или реални  личности, прозните текстови во оваа книга се остварени како  книжевни биографии, ликови и размисли - творби на чиста  авторска имагинација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
8. Против намерното уништување на германскиот јазик За негаување на скапоценото добро на нашиот народ Alfred Kerr
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во Сандерсовиот Речник на германскиот јазик се наведува еден случај што во најкуси црти можеме да го прераскажеме вака: Зборувајќи за некое семејство еден човек вели: Со нив е како со некој затрупан бунар или исушена бара.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во Дортмундскиот експрес се говореше на македонски, српски, грчки, турски и најмалку на германски јазик.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде ги има од сите страни на светот, од сите раси и нации - од негри до Кинези; се слушаат најразлични светски јазици, иако насекаде ве следи францускиот, англискиот и германскиот јазик.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таквите "наопачки" се тешки во германскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А сега, кога со години гледаше како германскиот дух се распаѓа и како по најважните плодови на тој дух газат самите Германци, тој постојано повторуваше, како да се обидуваше да се увери самиот себе, дека тоа е лудило што кратко ќе трае, а германскиот дух одново ќе блесне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нѐ уверуваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла, ни ја пренесе својата љубов кон германската уметност, нѐ учеше да бидеме горди што, иако по крв Евреи, кои живеат на австриска почва, сепак ѝ припаѓаме на германската култура.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше местото каде што се скина тенката нишка помеѓу нас и нашите заборавени претци: ние бевме првите неверници во долгата низа поколенија од времето на Мојсеј до нас, првите кои работеа во сабота, кои јадеа свинско, кои не одеа во синагога, кои не кажуваа “Кадиш“ на погребението и на годишнините од смртта на родителите, кои не го разбираа хебрејскиот; за нас светиот јазик беше германскиот (брат ми веруваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла), се воодушевувавме од германскиот дух и правевме сѐ да бидеме дел од него, живеевме во Виена, престолнината на Австро-Унгарија, која беше нарекувана “светата империја на германската нација”, и со некакво чудно воодушевување, со кое го прикривавме зазорот кон својата традиција, ги прифаќавме тогашните навики и однесувања на виенската средна класа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден од главните писатели на германски јазик на ХХ век, роден во еврејско семејство кое му припаѓало на средните граѓански слоеви.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За време на својот живот ги објавува подолгите раскази Пресуда (1916) и Преобразба (1915), како и збирката кратки раскази Селскиот лекар (1919).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Германскиот јазик не го владеев воопшто за да можам, шпионски, да придонесам во истребувањето на малите народи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Зар германските лингвисти, кои се мошне познати во светот, не можеле да предложат реформи во тој дух, туку требало да се чека на политичките потези на Вилхем II, да се започне со националистичкиот прогон по француските зборови во германскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира, ќе се соочи со низа проблеми, но првиот примарен проблем му беше: каква форма да им даде на многу зборови кои требаше да ги позајми од латинскиот, старогрчкиот и германскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Главната теза во дописот на Аполинер беше дека Германците залудно се бореле против француските зборови во германскиот јазик, сметајќи ги за бесполезни паразити.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но оваа битка, според Аполинер, ја започнале уште браќата Грим, кога германскиот јазик се ослободил, особено во доменот на книжевниот јазик, но преостанувало да се исчисти говорниот јазик, како и јазикот во доменот на трговијата, администрацијата и војската.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Издавач: “Дијалог”, Скопје 2002).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Составувач на антологиите: - “Македонската поезија во светот” (антологија на македонски, англиски, француски, руски, и германски јазик), составувач и предговор: Веле Смилевски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше напишано на германски јазик.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дедо ѝ, само што ќе слушнеше на радио некој да зборува на германски јазик, со лутина го исклучуваше радиото. Со пцост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа што добро го знае германскиот јазик секако ќе ѝ биде од корист.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Набргу се запиша на курс по германски јазик.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сето тоа Марија им го извика на германски јазик, и додаде: - Воопшто немојте да се грижите за мене и за мојот син.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За среќа, службеникот на аеродромот во Скопје добро го знаеше германскиот јазик, па се разбраа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја учеше зборови од германскиот јазик.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Влезе класната раководителка, нашата професорка по германски јазик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јеn arrive donc lоbјеt de votre fax du 16 mai. Vous me demandez si vous pouvez mеnvоуеr Lа сl bаlkаniquе par e-mail. Evidemment, je suis tеntе de vous dire, et avec enthousiasme, оui. Puisque јаi lintеntiоn de lire ce livre dѕ sa parution en librairie, je peux bien le lire avant, et сеѕt avec plaisir que je vous en parlerai. Mais si, comme vous me lаnnоnсеz, vous me lеnvоуеz pour avoir mon avis, il me раrаt hоnntе de vous dire que la critique littrаirе est un domaine о je nаi aucune соmрtеnсе. Je ne peux mmе pas dire que јаimе la littrаturе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како што веќе ви пишував вашиот факс ми стиgна некомплетен, но јас сепак успеав во него да прочитам дека вие ми предлагате да ми испратите неколку критики за вашите книги објавени на германски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)