германски (прид.) - воен (прид.)

Бари покажува недоверба во нив и сомневање дека тие се борат против Хуните.181 Ние имаме мисии со реакционерните елементи кои се борат против партизаните и кои имаат контакти со Хуните“.182 Во ситуација кога во Македонија се разгорела борбата против окупаторот, кога германските воени сили се повлекувале низ Македонија и кога бугарските окупаторски сили се наоѓале пред капитулација ЦК КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија презеле низа мерки со цел: - да се изврши организиран прифат на нови борци, - да се организираат погоелми воени формации (дивизи и корпуси) и низ борба да се вооружуваат и прекалат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За тоа бугарскиот амбасадор во Германија Дрангов, ќе соопшти дека “по наредба на Хитлер, Рибентроп ме задолжи да ја соопшти желбата на фирерот, со три дивизии да се влезе во српска Македонија како окупаторски војски и да ја преземеме администрацијата, за да се ослободат германските единици од таа грижа, а да бидат употребени за дејство.”
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во таква ситуација ГШ и ЦК на КПМ во почетокот на декември 1943 заклучиле дека е потребно единиците кои се наоѓале на тој терен да се префрлат во делот на Македонија под Грција во реонот на планината Кожуф.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 8 април Германија побарала од Бугарија воено-полициски сили за преземање на окупираната територија на Македонија од германските воени единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И покрај почетниот успех во борбите против италијанските воени сили единиците на Кралството Југославија биле немоќни да се спротивстават на германската воена машинерија која незапирливо напредувала.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие станале основната вооружена сила која се борела против единиците на НОВ и ПО на Македонија потпомогната со мал број германски сили.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во Западна Македонија таа улога ја презеле врз себе колаборационистите со италијанската окупаторска власт, од редовите на Албанците, кои добиле оружје од германските воени единици за уништување на НОВ и ПО на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Под силниот притисок на германските војски на 8 април било заземено Тетово, Гостивар (9 април), а на 10 и 11 април и градовите: Ресен, Охрид, Струга и Дебар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Истиот ден биле заземени.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во почетокот на декември 1943, германските воени единици потпомогнати од страна на албанските колаборационисти презеле концентрични офанзивни акции на слободната територија во Дебарца против единиците на НОВ и ПО на Македонија, насочувајќи го својот удар против Првата Македонско-косовска ударна бригада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 7 април германските воени единици продолжиле кон Куманово, а настапувале и кон Царево Село-Штип-Велес.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Скопје бил заземен на 7 април 1941 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На Струмичкиот сектор по кратка борба германските воени единици избиле на југословенско-грчката граница кај Дојранското Езеро.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Британците биле свесни оти Грција не може да ѝ се спротивстави на германската воена машинерија, уште повеќе што тие немале никакви можности да ѝ помогнат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Американските и британските надежи дека ќе можат да повлијаат на настани за да се намали германскиот воен притисок врз Британија, завршиле без успех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За таа цел биле ангажирани сите достапни британски агенти на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со капитулацијата на Кралството Југославија и на Грција и по повлекувањето од Крит во мај 1941 година, Британците немале ниту еден војник на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пристапувањето на Кралството Југославија кон Тројниот пакт само било потврда на неможноста да се формира балкански фронт кој би му се противставил на германското напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, со тоа не престанале активностите на СОЕ во барањето начини како да се олесни германскиот воен притисок на Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неколку недели пред тоа германските воени трупи вмаршираа во Австрија и воспоставија нова власт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)