главен (прид.) - адут (имн.)

Но главниот адут на Палигоров, за да ја смири оваа непогода со Донски, остануваше главниот составувач на предлогот, историчарот Сокол Мечевски, инаку близок пријател на Водачот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сметав дека ги поседував главните адути во остварувањето на замислената цел Југославија што побргу да го признае новиот режим на Бен Али.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Син му е во гардата, тешко е ранет, ова е едно големо недоразбирање, ќе искрвари ако наскоро не добие лекарска помош, и главниот адут секако – тој е одликуван гардист.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Татко најмалку се служеше со главниот адут за овие луѓе, дека беше дојден со специјален налог од Водачот за да ја открие природата на старите списи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)