гладен (прид.) - дете (имн.)

Нели такво нешто прават подлеци, кој се осмелува од гладни деца да скуси, од нивниот касај да дрпне?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А јас да си ја гледам бундава! – Стрпи се, мила, па не е дојден крајот на светот! – За мене, крајот на светот иде кога ми се гладни децата! – Те разбирам, те разбирам, и мене не ми е лесно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За мајка ми историјата – тоа бевме ние, гладните деца без кози, како и ситите деца во семејствата со кози...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш таа слегла во подрумот и сета храна им ја раздала на гладните комшии, а задржала само кромид, домати, пиперки и модри патлиџани од кои му подготвила вечера на недоверливиот имам...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Многу гладни деца беа спасени од тоа млеко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Жената, крај изнемоштените гладни деца, побарала од имамот, бесна од неговата непопустливост, да подготви јадење од храната во подрумот. Тој не попуштал.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Маса гладни деца ми го велат тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)