гладен (прид.) - стомак (имн.)

Како прво и основно, никад немој да пиеш на гладен стомак затоа што многу брзо ќе ти удри у глаа и ќе дојде до начукуење и повраќање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Големата фурна, која како отворена уста, јасно укажуваше дека таа печела леб и полнела многу гладни стомаци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа е многу малку храна, ти си слаба, треба да јадеш повеќе. – реков загрижено - Не, не ми е доручек, јас секое утро, веднаш по будењето ова го правам не го оставам никогаш гладен стомакот. – одговори таа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)