гласен (прид.) - музика (имн.)

Се пожали газдата се слушале викотници, се пуштала гласна музика, а во нивниот стан кој се наоѓаше веднаш под нашиот, сѐ убаво се слушаше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа беше мини свадба со многу гласна музика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Омиленото место на многу кумановчани, каде од далеку се слушаше гласна музика.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Екстази почнува како кога се подготвуваш на добра журка со некого кој навистина ти се допаѓа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Целите сте возбудени, пуштате гласна музика, правите вистинско шоу бирајќи што ќе носите, едноставно правите голема фрка околу ништо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од ресторанот на сплавот се слушаше гласна музика.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кафулето врз една тераса му се виде привлечно, но кога се приближи, виде дека е тоа полно со џагуриња и безделници кои не можат еден од друг да се чујат поради прегласната музика што се сведуваше на обична ропотеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Видов носталгија за тие наши моменти кога се рокавме со долгите коси на гласна музика во пабот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ербап – способен, итар, финтаџија... суперинтендант – домаќин у зграда. Живее муфте без да плаќа кирија, а заузврат ги собира чековите, мења сијалици, им се смешка на сите и те риба ако пуштиш гласна музика.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
БОРИС: Толку засега. (Матеј повторно пушта многу гласна музика. Американецот пуши и чита легнат во вреќата. Мира пишува. Пауза. Борис почнува нешто да пее на цел глас. Матеј одеднаш го исклучува магнетофонот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Матеј пушта многу гласна музика. Долга пауза. Борис нешто му вика на Матеј. Матеј го исклучува магнетофонот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
troglodyte mode, hek mode, стадиум на ларва - програмирање во темна соба, со очила за сонце и со инвертиран екран (црни букви на бел екран) поради болки во очите по повеќечасовно (или повеќедневно) гледање во екран. Се препорачува и гласна музика во позадина
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)