глупав (прид.) - прашање (имн.)

Во спротивно, брзо ќе се најдеме на теве-екранот одговарајќи на глупави прашања, или пак со некого „лице в лице” или „грб со грб”, за малку да „расправаме”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Без глупави прашања, мамо, врзани за школо и храна... и чао!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На Дена ѝ стануваше здодевно и ме тормозеше со некои глупави прашања, па решив да смислам нешто што ќе ја смири.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дена дури догодина ќе оди в училиште и најмногу „паѓа”, на приказни и цртежи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И наеднаш сфаќам дека всушност јас сум творецот - обликувач на глупавите прашања, и дека со нив всушност настојував да ја омаловажам загриженоста од ситуацијата во која се наоѓав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она: „Дали ваквите дилеми не се бегства од суштественото?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А дека тоа е така ме увери она додатно прашање што требаше да ги обезвредни сите размисли со кои заспивав и се будев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уф, што е здодевна и какви глупави прашања ми поставува - се нервирав и се обидував да ја сменам темата на разговорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Така јас одлучив да продолжам, но предупредив; само ако не ме прекинуваат со глупави прашања.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Толку глупави прашања никој не ми поставувал во животот како татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И што воопшто значеа моите глупави прашања што божем му ги упатував кога тој беше качен високо, високо, и кога тие прашања никогаш не втасуваа до него?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да не беше случајно упатен во сите овие поединости М.Ѓуров немаше да му го постави на секретарот Јаким она глупаво прашање за златото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)