гол (прид.) - глава (имн.)

Се свртев кон мојот адвокат кој гледаше во судијката чекајќи го нејзиниот прв збор и, преку неколкуте ретки влакна на тилот зад неговата речиси гола глава, ни се пресретнаа погледите со Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И целиот тој беше полн и стежнат, со гола глава до високо над челото и со преостанатата коса повеќето пробелена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Преку поточето, низ буковата корија, се качуваше тесна патека, лазејќи кон ридот, кој се викаше Гола Глава, префрлувајќи ја височината преку еден превал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Успокојтес, успокојтес, вели Никита Сергеевич, му свети јајчестата гола глава, обросена со пот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наутро прва стануваше секако ситната Митра, погледнуваше во аголот лево од вратата и голиот грб и големата гола глава ја смируваа дека Дончо сепак се вратил на спиење, па излегуваше да мети пред одајката и да донесе пресна вода за пиење во две стомни оти едната ќе ја потроши Чана, замивајќи си го големото лице и плискајќи се под машките мишки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дончо само ја врти големата гола глава направена како јаглен од сонцето и чудно му е што го нема ни Мурџо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Чана го погалува по голата глава и му вели А сега пу патичката право дома! Ни лево ни десно, разбра?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ни Чана немаше срам, туку ќе грмнеше Ми загладнело, миличкто! И ќе му ја милуваше голата глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаше и еден качкет, изгмечен како питулица, не од ние купечките во На- Ма туку од Панче шапкарот од преку мост, па тој не зафаќаше ни случајна празнина во раницата, а можеше да покрие гола глава на планински дожд.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)