гол (прид.) - стапало (имн.)

Белее образот, боли и пече, горат ушите. Печат замрзнатите прсти, пече и боли голото стапало.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одам со голите стапала по песокот. Го чувствувам Рајот на подлогата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
До пред два месеца немавме униформи. И на вежби и во бој и во марш - со тоа што дојдовме од дома. Скинати фустани, голи стапала...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)