гол (прид.) - како (прил.)

Ама оти ги даде сите голи како змија на трн, многу му беше гајле!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден од нив ме зеде и ми ја соблече облеката што можеше лесно да се соблече, другите делови од облеката со нож ги распара и ги расфрли околу масата. Бев гола како од мајка родена.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Инаку ќе нѐ оплеват и ќе нѐ остават голи како пиштоли.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пред шест години неговиот професор ја затече својата жена со еден маж пожарникар - млад русокос вол и со оперетска насмевка, ја затече гола како вистина и побеле за неколку ноќи. После, по една очаена решеност на полулуд човек, му го испираа отруениот стомак и се бореа во болница да го спасат; студентите се чудеа: ако е веќе курва зошто ја остави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ќе прошетаме голи како Архимед. Без да ги растураме круговите.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)