голем (прид.) - болест (имн.)

Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Големата болест тешко наоѓа прелез само во луѓето што јадат лук, вели, и во куќи намачкани со катран.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Маса Ќулумоска вели дека за голема болест, треба уште поголема смрдеа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- При напаст на голема болест, вели Маса Кулумоска се јаде лук и куќите се мачкаат со катран.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Болест, Јоне, голема болест фати, велам, немаше кај да ги скријам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)