голем (прид.) - брод (имн.)

Таму, покрај кејот, стоеше усидрен голем брод „Скопје“. Нѐ искачија на бродот да го разгледаме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Наведнати над оградите на „Галата Ќупри“ можете со часови да стоите и со чудна внимателност да ги посматрате многубројните кајаци, кои се расеале меѓу големите бродови и во водите на Босфорскиот Залив - „Златниот Рог“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Коњите им ги товарале на голем брод, англијски, а нив, само неколкумина, ги оставиле да ја бранат отстапницата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па, кога дојде време да го посетиме големиот брод Мисури каде е потпишана капитулација на Јапонија во 1945 година ти ни кажа дека ќе нѐ причекаш пред бродот, дека нема да дојдеш со нас.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Дојде Евдоксија, се качи на бината и рече: - Деца; Ги видовте ли големите бродови?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Денес на Јасна ѝ е роденден. Минатата година бевме на Лонг Бич и се возевме по висечките мостови над огромното пристаниште, восхитувајќи им се на големите бродови под нас и вриштејќи како да се спуштаме по ролеркостер.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Мирисот на морето, а некаде зад него навестувањето на огромното пространство на Атланскиот Океан додека група бучни Американци се истоварува од големите бродови...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но кавалот исчезна во белиот бескрај заедно со побратимот и со големиот брод...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)