голем (прид.) - парада (имн.)

Познати козари од планинските села, кои зад себе влечеа цели стада кози, со снажни прчови, се искачуваа на големата бина среде плоштадот, на која, по обичај, за време на големите паради, дефилеа и митинзи стоеја највисоките раководители на новата На­родна Република Македонија во новата социјалистичка Федеративна Народна Република Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постарите браќа, уште во првите години по војната, во времето на сталинизмот, кога во советските филмови ги гледаа, на големите паради, гордите маршали, со куп ордени, наредени на градите, си помислуваа дека, за секоја победничка битка, се добива по еден орден.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)