голем (прид.) - полза (имн.)

Мртвиците, вировите, и блатата беа богати со риби - сом, крап, клен, мрена, штука, бојник, јагула, - а врбаците, шамачиштата и ливадите со барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто сега, кога има толку многу средства за уништување на маларичните комарци и на сите други инсекти, нема да ги коси маларијата, а со враќањето на водите, ќе им се врати и едно цело мало богатство - стопанство во кое тие ништо не вложуваа а имаа голема полза од ловот и риболовот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Иако успеваат да имитираат некои атрибути на сложените адаптивни системи тие не им се од голема полза на истражувачите кои сакаат да ја испитаат сложеноста на постоечките системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Професорот Нико ме научи на човечки пристап кон другарите, кон луѓето, ми помагаше да го развијам својот талент за цртање, што подоцна, во животната борба ќе ми биде од голема полза...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако тоа го нема и ако од неа едни – имаат голема полза, не правејќи никакви жртви, другите прават големи бесполезни жртви, целината се разделува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од голема полза на Климент Камилски му беше и позајмениот примерок од Татко на докторската дисертација на Харалампие Поленаковиќ, ТTурскиtте елеменtти во ароманскиоtт јазик, одбранета во Загреб во 1939 година, под менторство на Петар Скок, основоположник на јужнословенската романистика.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку што сакаа поради „вишите интереси на пар­ти­јата” да ги запрат него и козите, толку сакаа, интимно, Чанга со козите да остане, зашто и тие, партијата, властите, имаа голема полза од него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)