голем (прид.) - прашање (имн.)

Татко, на чардакот, загледан кон Тврдината и кон брзите води на реката, многу сакаше, со верните пријатели и со чашката ракија, химерично и со занес, да им се препушта на големите прашања на егзистенцијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но сега, откако се изиграа неколку потези, тој гледа дека погрешно ценел - позицијата не му е никако наклонета, големо прашање е дури дали ќе може и да ремизира.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Е, мој Камилски, тоа е големото прашање, кое до денес е без задоволителен одговор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби ние ќе се доближиме до одговорот со нашата мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите очекуваа да одговори на непоставеното големо прашање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но уште едно големо прашање остана неодговорено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Едно големо прашање стоеше како обелиск пред нејзиниот чекор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка тврдеше дека Татко ѝ се доверувал дека цел живот во библиотеката, трагал по магичниот редослед на читањето кој ги покажувал среќните излези за семејството, одговорите на големите прашања на егзистенцијата, во кои било вклучено и прашањето на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Затоа пазарџиите првин се спогледуваа меѓу себе, оџагрени и препалени, со големото прашање во уште поголемите очи. Кој, кој?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Уште само неговото големо прашање останува да живее под таа покривка и не се бори за доказ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И Татко и Мајка, на различни начини, беа обземени, во залезот на нивните животи, со големото прашање на нивните животи – што ќе стане со нас, децата, кој ќе бдее над нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)