голем (прид.) - воен (прид.)

Кон големата воена карта пристапи генерал Кикицас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На ѕидот, лево од влезот, голема воена топографска карта. Под челниот ѕид - долга маса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега, стоејќи пред големата воена топографска карта, тој се потсети на непријатните зборови што пред неколку дена ги слушна од Захаријадис: - Маркос - му рече Захаријадис во текот на разгледувањето на дневната состојба на фронтовите - ти премногу си се внел во тој Клефтис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Големите воени организации ќе регрутираат војници од малите сателитски народи, кои ќе ги заменат малите неојаничарски воени единици, како што е на пример легијата на странците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, и народите на Балканот го сочувале зачувале овој збор, со блиска, но никогаш различна конотација? рече Камилски, насочувајќи го разговорот кон ставот кој требаше да се заземе за зборот табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Жедта за моќ и владеење, која тешко се контролирала во големите воени походи и завојувања, ќе ги предизвика трајните делби, прекројувањата на границите и немирите на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На 29 септември 1918 во Солун, Бугарија потпишала примирје кое го диктирале победниците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Силите на Антантата заробиле околу 100.000 војници и голем воен материјал.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Преку челото му се протегнале значајни брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој како да ги знаел стратегиските планови на големата воена операција, како командантот на Главниот штаб и секретарот на Централниот комитет пред тоа со него да се посоветувале на каков начин и кога да почне огнометот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога бев излезен од Авенијата на палмите и се упатив по магистралниот пат кој водеше кон Тунис, на ретровизорот забележав како ме следи голем воен транспортер. Бевме сами на патот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само тврдината, завикана Кале уште од отоманско­то време, кога служеше како голема воена касарна, беше симбол на исчезнатите империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка мораше да се врати од Солун, во Лесковик. Според предвидувањата и информациите на нејзиниот татко, тогашен префект во речиси развластениот Лесковик, од војските кои доаѓаа и заминуваа заедно со туѓите окупаторски режими, во Солун требаше да се очекува големата воена разврска, пресудна за Првата светска војна...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)