горен (прид.) - дел (имн.)

Забележувам дека светлината која во лето, кога е силна, ги изедначува преслапите на планината таму пред мене, сега, пролетта, кога е поблага, ги истакнува горните делови, врвовите и тумбите, и гледам дека ги има многу, дека не е еден гребен и еден преслап, туку повеќе гребени и повеќе преслапи, дека јас сум далеку, зафатен со расплеткување на пајажината што ја сплел големиот пајак на времето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Велеа дека и онаа чешмичка во горниот дел од Маказар, единствената во тој дел од која се служат луѓето за пиење и за домашни потреби, ќе секне, зашто и таа била носена, дамна, од оној предел горе над патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас стоев, понекогаш сам, понекогаш заедно со инженерот, горе над машината, на горниот дел од падината, и гледав како под мене полека еден канал ја цепи вдолж планината како на две токму во нејзиниот мев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гласовите доаѓаа од горниот дел на Маказар, од правецот од каде што доаѓа реката од под планинските падини што ги сече новиот пат, спружен наместа на стариот Виа Игнација, а наместа крај него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега додека одевме кон скалите за да се качиме горе во собата, му го видов профилот, по малку пушкиновски, подаден напред, но целото лице подолгнавесто, горниот дел кај челото и очите поизразен, а долниот пововлечен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во секој случај не смее да се напушти Прага, а да не се видат „Вацлавске намјести“, тоа е пулсот на градот, најшироката, најстарата улица, најтрговската, најмонументалната, на чии горен дел, како паметник стои Народниот музеј.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нашето внимание го привлекуваше кружен бакарен сад со цевки што поаѓаа од неговиот горен дел, па потоа веднаш свиваа надолу.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа ноќ Џонс бил тој човек, измислувајќи систем од јажиња и чекрци со чија помош бил во состојба да се подигне себеси за да може да ги наслика горните делови од платното, кои инаку не можел да ги досегне.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Конзервите од џумбирово дрво, батериската лампа, кутијата за кафе со четките: тие предмети, а и другите, не беа најдени туку направени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога тоа и го кажав, ми кажа што рекол: дека еден ден, додека влегувал во метро, видел еден човек како им продава моливи на две жени - човек без нозе, кој се движел со помош на платформа на тркала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Излегоа на една полјанка. На нејзиниот горен дел стоеше стара џогланеста бука, со шупливо, нагнило стебло кон коренот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко му косеше во горниот дел на ливадата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Овега во себе го нареков Сновалка, иако неговите предолги чекори и расклатениот горен дел на телото заедно со вратот и главата ми беа највпечатлива слика за него.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Машината веднаш ја стави кутијата цигари на послужавникот, заедно со кибритот, тој ја скина црвената лента од целофанот на горниот дел, го отвори едниот ќош од опаковката и извади една цигара.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Црната чанта од мека кожа, со форма на кенгурска торба, ѝ се нишаше на рамото додека нежно чекореше со чевлите со високи потпетици и со ремчиња на горниот дел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Милан поткашлувајќи си го подготви грлото, си ги замазни мустаќите со горниот дел на дланката и почна да ја пее народната песна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стариот не ме забележува; тој непрекинато пуши и го трие коленото со голема дланка замислено нишајќи го горниот дел од телото.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ако имаш искривено огледало, во него можеш да ја видиш таа сина линија, повлечена, наталожена точно врз горниот дел на видливите нешта, на нивниот хоризонт: како со широка четка, на која е нанесена сина боја, повлечена од рацете на уметникот врз платното.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога падна горниот дел на твоето бикини, моите дланки, издлабени како да носат вода за испукани усни, ти ги прифатија градите запаметувајќи ја нивната деликатна тежина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Покрај Златниот Брег, облакодерите почнаа да блескаат, прозор до прозор, наспроти мракот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во секоја осветлена спална, парови се соблекуваа дома после работа, паѓаа во креветите и го правеа она.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Штипкањето на студот кое кажуваше дека температурата паднала под дваесеттиот и некој степен го сети само на носот и на горниот дел од образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Остануваше со неразјадена поврвнина и под јужниот снег, имаше цврсти корени и во скочанетата земја, неговиот проник го имаше склештено сиот горен дел од пиланата, исполнувајќи ја и буката, а тој се наоѓаше загнезден и во внатрешноста на пиланата, во него беа склештени и сите делови од машинеријата, што доаѓаа во допир со водата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој се влеваше во дебелата бука, забиена во темелот на горниот ѕид на пиланата како огромен лост, со горниот дел повисок од покривот, исто како некој шумски џин да сакал со тој лост да ја откорне и да ја преврти ничкум нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нешто падна на креветот зад Винстон. Горниот дел од една скала помина низ прозорецот и ја скрши рамката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа се спушти на коленици, ја отвори ширум торбата и извади од неа неколку француски клучови и еден шрафцигер кои го исполнуваа горниот дел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа се сврте и го притисна горниот дел од телото кон неговото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан симна една мала кутија од горниот дел на еден орман и подаде некаква сплескана бела таблетка и ѝ кажа да ја стави на јазикот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одвреме-навреме одел и дома ѝ, и гледајќи ја каде што се движи низ куќата, не му изгледала толку дебела, сѐ додека не седнела, при што сите облини се спојувале: нозете ѝ станувале како една, колковите се ширеле, а горниот дел од телото се спуштал надолу, се скусувал и раширувал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Едниот со шрафцигер ги затегнуваше синџирите на горниот дел од лулашката, а другиот ја зацврстуваше новата даска.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Рацете ми се набабрија и не можев да ја издржам болката, па си ги пикнав во слојот мраз што се има налепено на горниот дел од фрижидерот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не морав веќе да се кријам, па се приближив и видов дека даската е светлокафеава, мазна и светкава, како премачкана со лак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ШЕГУН- горен дел од женска долнопреспанска носија изработен од шијак, дома ткаен материјал од волнено предено, црно бојадисан.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Синкаст регион во горниот дел на сликата би можел да биде небо; неколку региони кои составени даваат правоаголна форма би можеле да бидат добри кандидати за врата или прозорец; дел од паралелопипед може да биде кандидат за покрив и уште ако над него има регион кандидат за небо, а под него регион кандидат за прозорец, тогаш на хипотезата дека разгледуваниот регион е покрив и се припишува голема веројатност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога заврши тоа, донесоа еден сандак од џамијата, го затворија телото во сандакот и на горниот дел, кај главата, ставија одозгора фес, колку да се знае дека покојникот е маж, а не жена.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чпртото носе кое благоста на детското лице ја правеше уште подетска, го затапуваше впечатокот од силните веѓи и густите трепки, кои од горниот дел на лицето веќе војуваа со оној што го гледаа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)