готика (прид.) - систем (имн.)

Така, со употребата на грчкиот алфабет како прототип за создавање на готски систем на писмото, Вулфила не ги отстранува знаците кои ги прикажуваат типично грчките фонеми, туку на соодветни места истите ги заменува со знаци со типично готска фонетска вредност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа, специфично готските фонетски вредности им се доделени на оние знаци од грчката низа, кои од аспект на готскиот јазик се лишени од фонетско значење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вулфила се задоволува со замена на неколкуте специфично грчки фонетски значења во системот на писмо со конкретно готски фонетски значења, со што во готскиот систем на писмо не се нарушува ниту редоследот на знаците, ниту нивната бројна вредност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Суштествената разлика меќу овие системи лежи во графиката на знаците на писмото и во нејзиниот сооднос со појдовниот грчки прототип.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но притоа, ако готското писмо го следи грчкиот прототип не само во поглед на редоследот на знаците на алфабетот, туку и во поглед на количеството на знаците, тогаш во случајот со ерменското писмо имаме значително отстапување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, коптскиот и готскиот систем речиси без измени го повторуваат графичкиот облик на соодветните знаци на грчкото унцијално писмо, но староерменското писмо нема никаква врска со графиката на грчкиот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)