готов (прид.) - е (гл.)

Очите му светат ко догорчиња, готов е да се расплаче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Мамо, направи колач? Готов е? – прашува без да каже ни добар ден, а и без да помисли малку на нас другите, што правиме, што нѝ се случува, дали сме воопшто расположени да одговараме на неговите прашања, а, на крајот на краиштата, и дали сме расположени за неговото присуство.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И готов е и по подот да се валка од жал и несреќа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ДИМИТРИЈА: Вари ручек. МАРИЈА: Готов е. ДИМИТРИЈА: Ако е готов дај да јадам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога виде дека не диши, готов е, рече.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Заблуда голема ко планина. Нѐ учеа уште дека и „трулиот капитализам неминовно пропаѓа“. Баш го гледам; кај да е, готов е.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Готов е за долна земја, вели, двете нозе му се во еден опинок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)