готов (прид.) - сме (гл.)

Инаку – готови сме. Без вода што ќе правиме. Ќе исцркаме како глувци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако не излеземе одовде, готови сме; ќе испоцркаме за вода сите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Погледа накај огледалата. Оттаму му узвратија со поглед: готови сме, те слушаме...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
МАРА: Ништо, готови сме! Панде отиде да му ја извади зобницата на коњот и штом дојде нека ги земе пљачките и да кинисуваме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ако ни ја секнат водата, готови сме, пропаднати...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)