готов (прид.) - во (предл.)

Овојпат таа беше готова во името на љубовта понизно да клекне и да моли за прошка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше пример на интимен и мил другар, готов во секој момент да се жртвува за своите блиски и другари“33.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Исмаил бил од оние многубројни Турци и Европејци коишто уште не можеле да се убедат дека Македонија има сѐ повеќе луѓе што се фанатично предани на ослободителното дело и се готови во секој момент да се саможртвуваат за својата татковина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во визбата деноноќно дежурал по еден од гемиџиите, готов во секој момент, во случај на опасност акцијата да биде откриена, да го запали фитилот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Си го жалеа само оној свој црвен лав на сонцето на тоа свое лето, што беше готов во тревите, си ја жалеа својата смеа, која што не им се врати повторно. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше готов во секое време да донесе сè и сешто.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Книгите како да беа крилјата на куќата, готова во секој миг да полета кон небото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој веќе беше стар, вкочанет, грозничав, тој имаше настинка, грип и воспаление на бели дробови во исто време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој сакаше барем некој од луѓето да забележи дека е гол, да се појави некое глупо момче, но глупи момчиња веќе одамна немаше, сите беа паметни и готови во краен случај да говорат за квалитетот на кралската облека, но никако за нејзиното отсуство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)