граден (прид.) - кош (имн.)

Дури и денес не го минувам прагот на некоја школска установа (на пример, ENS - Ecole normale superi­eure, каде што предавав 20 години, или EHESS - Ecole des Hautes Etudes super­ieures des Sciencies, кадешто предавам веќе шест години), а да не почувствувам траги на мачнина и тескобност (зборувам за градниот кош и желудникот).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да, го променив името кога почнав да објавувам, кога се “лансирав”, во смисла на стекнување углед на планот на литературата и филозофијата, држејќи го тоа како прашање на “примереност”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговите симптоми се: екстремна стимулираност, забрзан пулс или забрзана работа на срцето, остри болки во градниот кош, тешкотии во дишењето, тресење, потење, грчење на мускулите и воопшто вкочанетост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Омалаксаност во колената и болка во градниот кош.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тенките рамења беа наведнати напред, така што правеа длабнатина од градниот кош, сувиот врат изгледаше како да е превиткан на половина под тежината на черепот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Градниот кош беше тесен како на костур: нозете му беа толку тенки што колениците изгледаа пошироки од бутните коски.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се потргна настрана. Од зад него се појави стражар со широк граден кош и со долг црн пендрек во раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ми ја запре раката, некаде кај градниот кош и рече, гледајќи ме во очи: - Ти не сакаш да разбереш, ти само чувствуваш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јас го повредив само градниот кош, меѓутоа Lazer заврши на подот со пијаното врз него.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Облечен во бела припиена кошула која му ги оцртуваше набабрените мускули на градниот кош, некои фраерски фармерки со искинати џебови и патики по најнова мода.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа чувство на непријатност во градниот кош воопшто не му се допаѓаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Црниот облак во процес на разредување сè повеќе и побрзо се искачуваше по падините на Водно, сега скоро јуришајќи кон градниот кош на авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука го запира вдишувањето. Така, не дишејќи, го врти лицето право пред себе и тогаш пак полека и најнечујно издишува, прво празнејќи го стомакот, се додека сосема не го испразни градниот кош, додека стомакот не му се најде вовлечен во внатрешноста.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се наведнав над него, налегнувајќи ги дланките врз неговиот граден кош.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ѝ го гледав грбот; гледав како дише, гледав како ѝ се поткреваат градите, одзади гледав како ѝ се шират ребрата на градниот кош („како на кораб дотогаш неосвоен од туѓ морнар“, напишав во една песна); гледав дека е сосема свесна дека ја гледам и дека прави милијарда мали и непотребни движења кои ме излудуваа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сè уште ме стегаше во градниот кош и воздухот не стигаше до бронхиолите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Една морница, што го престегна по целиот граден кош му го истера сиот здив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
До проширување на опсегот на здравствената контрола на 95 која мора да бидат подложни работниците дојде со изменувањето и дополнувањето на ЗБЗР од 19.02.2013 година, според кој здравствениот преглед на работниците опфаќа и анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, односно тука се мисли на проверка на телесната маса, телесната висина и индекс на телесна маса, основни лабораториски анализи и тоа седиментација, крвна слика во која проверка спаѓаат еритроцити, хемоглобин, хематокрит, леукоцити, гликемија, холестерол, триглицериди, урина, шеќер, протеини, билирубин, уробилиноген, седимет, испитување на функција на видот како што е острина на видот на далечина и во близина, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ, како и радиофотографија на граден кош која контрола се спроведува само по одлука на лекарот. (чл. 1 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Рацете и градниот кош беа блед, му наликуваа на туѓи, вештачки. – Зарем ова е моето тело – помисли со галење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И тогаш врвот на штосниот палец, тежок како олово, се истегнува во секавичен јо-јо трик а невидливата нишка што го поврзува со раката на убиецот минува странично низ черепот на Ралфи, токму над веѓите, профучува угоре и пропаѓа, сечејќи го крушкастото торзо дијагонално од рамото до градниот кош.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јован го тргна ќебето. Градниот кош на Коста во гипс. И рамената.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа му ја подаде гуската и налутено му рече: - Вие, другар, само мочате, срам да ви е! - Што? - праша Коста.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Нели? - се засмеа по кој знае кој пат Дуда и го мувна својот Џорџ со левицата во испакнатото меше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш не ќе мораш да ги правиш сите овие операции а притоа да си го тормозиш и градниот кош– ја советуваше Џорџ – нема да мораш дури и да го придржуваш ременот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неговиот јазик не можеше да се движи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Неговиот граден кош беше фиксиран.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Претпоставувам дека, ако би ни биле познати сопствените коски, никогаш не би ги покопувале мртвите, туку би ги чувале како светињи во соби уредени онака како што би сакале да ги затекнеме кога ќе отидеме во посета; а нашите непријатели, доколку ги украдеме нивните тела од боиштето, треба да ги ставаме во музеј онака како што умреле, со сѐ уште видливиот челик во телата, со искривени шлемови, со неизносени заштитни капни на чевлите, па пријателот и непријателот би станале толку неверојатно историски што и за сто години би ја затекнувале устата отворена за истиот говор и сите делови со кои сме го минувале животот прободени какви што отсекогаш биле - градниот кош, околувратникот, черепот - сѐ уште повторувајќи се, сѐ уште предизвикувачки, лесни како ангели, сѐ уште вредни за сеќавање и љубов.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Иако промени неколку кројачи, а помеѓу нив и најпознатите од Стара чаршија, нему не му појде од рака да стрефи мајстор кој ќе му сошие сако што ќе ја прекрие чудната форма на неговиот граден кош и ќе го поништи впечатокот дека неговото торзо е градено врз скелет од голема птичја кобилица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)