градски (прид.) - порта (имн.)

За тоа му требаше уште со темно да појде од Блатието, да се изложува на опасности од зулумќари и разни силници кои толку често се среќаваа по друмовите, па потоа и да чека пред градските порти додека да помине деврието.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На оние поличните, особено на црнокосите и црнооките, не им се дозволува дури ни да влезат низ градските порти, туку со стража се спроведуваат по околните патишта до реката, а оттаму со лаѓи – низводно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога коњот-птица, кадифеното копче на кое јава водачот на дивите хорди, ќе се стромоглави во длабочините, погоден од непогрешливата стрела на Господарот на Градот, им ги отвораат градските порти на поразените, раскрилувајќи две споени книги.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)