граничен (прид.) - област (имн.)

Како области каде се среќаваат различни луѓе (на пр. крстосници, граници, пристаништа, гранични области), граничните зони се исто така и области на културен конфликт.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
На пример, Гупта и Фергусон ги гледаат граничните области како места на „несомерливи контрадикции“ клучни за новите политики на идентитетот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како места каде се среќаваат разликите, лими­ налните простори можат да бидат сфатени не само како опасни зони на конфликт, туку и како „експериментални региони на култура“, места на продукција на детериторијализирани идентитети на постмодерната.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Од неодамна, акцентот е ставен на границите како економски разделници, кои означуваат (и одржуваат) глобална економска нееднаквост: „Онаму каде што приходот, вработувањето и животниот век многу се разликуваат, границата може да направи разлика меѓу сиромаштијата и материјалната благосостојба, а повремено и меѓу животот и смртта“.18 Прашањето за границите е неодвоиво од односите на моќ меѓу нациите.19 Само еден поглед на граничната иконографија, со нејзините надзорни кули, бодликавата жица, бетонските бункери (или ѕидот во Израел), е доволен за да се согледа дека граничните области се места и симболи на моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)