граничен (прид.) - премин (имн.)

Најпосле влеговме на граничниот премин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И граничниот премин личеше на тунел од снег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постојано нешто очекував - го барам тој опасен Цинвалд, а тоа е место на самиот граничен премин од ЧССР кон ДР Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Веќе беше мрак, кога се најдовме на граничниот премин Комарно, каде што формалностите траеја многу долго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Формулата на Шефот во случајот на полицајката беше едноставна: Ема, заедно со Нинослав, ќе го води префрлањето на Илона, а специјална екипа што тој ќе ја испрати таа ноќ на граничниот премин Табановце, неколку часа откако Чехињата ќе биде пропуштена без да се евидентира во системот за гранична контрола, ќе открие злоупотреба на службената должност на полицаецот Јованче Крстов кој својата улога во нашата група дотогаш си ја извршуваше беспрекорно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Авторот на овие писанија на времето направи своевиден триумфален потфат, кога еден жежок августовски ден, дремејќи на граничниот премин Меџитлија, ограби еден цел контејнер полн со лименки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Заборавена книга на рамница, пред гулабарник, во училница, на граничен премин, во пролет. Книга заборавена Книга за раѓањето.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Едни празни кон граничниот премин со Грција, други, од таму најчесто товарени со градежен материјал, а најмногу со тули и керамиди, итаат на запад, кон Билишта (Bilisht), чие име со големи букви е напишано на таблата со сина подлога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На големиот свиок голема сина табла и натписи кои лево го покажуваат патот за Поградец и Корча, а десно за Елбасан и Тирана и понатака, пред свиокот, на патот кон граничниот премин – Ќафасан - голема сина табла со големи латински букви е напишано: “MACEDONIA”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
9. Албанскиот граничен премин скромност го бие.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По три дена престој и посета во татковината и во татковата земја, како што рече човекот таму на граничниот премин, се вративме во Македонија, пак преку Ники (Негочани).
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И изгледа не ни беше доволно тоа што ни се случи на граничниот премин.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А кога одиме во Скопје, таму ги молиме големците, та им велиме, а бре луѓе, а бре браќа, отворете уште некој граничен премин за да ни биде полесно да доаѓаме во Македонија каде ќе си најдеме и некоја работичка било како аргати, било како ѕидари, само да капи некоја паричка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
8. На граничниот премин Кристалопиги – како што погоре е речено -по старо селото се вика Смрдеш, името го носи по кристално чистата вода што извира од планинскиот извор покрај црквата Свети Ѓорги, една од најубавите во костурскиот крај, полицаецот лист по лист ги прелистува пасошите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од двете страни на граничниот премин високи пошумени ридови засенчени со облаци кои навестуваат дожд.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
До граничниот премин Ќафасан патот води по остри серпентини меѓу голи ритчиња обраснати со висока трева.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Силниот тресок на печатот врз картончето наеднаш ме потсети на ланското влегување во Грција преку граничниот премин Ники.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сомнително ме гледа и прашува: - На кој граничен премин влеговте во Грција?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Излезните места од градот, но и граничните премини беа под строга контрола.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Проблемот е ургентен зашто дивата депонија се наоѓа непосредно до магистралниот пат кон граничниот премин Деве Баир, кој Бугарија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сеќаваш, нешто интензивно се одигрува некаде ни таму-ни ваму, сепак нема два оддвоени живота, туку едно вудвоено јаве а преминот е топол, ама молчелив (не вика - еве ме! не плаче, туку безгласно лииипа!): секој има сопствен граничен премин секој сам си го бара и го преминува или само го наѕира оддалеку а не признава!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Драгоцени се, како сознајби на едно време и еден простор мислите-брилијанти, што како волшебен клуч го отвораат хоризонтот на новото време, ставени во златната уста на Големата Мајка: – „Кај ти е Татковината, Мајко” – ја прашува Ервехе војничето на граничниот премин. – Мене ми е Татковината таму, кадешто ми се децата. – А кој е твојот народ, Мајко? – Народот со којшто живеам, сине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)