грд (прид.) - луѓе (имн.)

Единствено ми е страв од оние грди луѓе. Тие не ме тепале туку сум знаел дека ќе ме тепаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Богаташите беа нарекувани капиталисти. Тие беа дебели, грди луѓе со злобни лица, како она на сликата на спротивната страница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Згора на тоа сум во некоја просторија од која не смеам да излезам од страв од оние грди луѓе кои пред вратата ме чекаат да ме тепаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И по тоа кој каква одбра, во институтот за брак, утврдија дека: убавите луѓе одбраа убави жени; грдите луѓе - грди; дебелите луѓе дебели жени; слабите луѓе - слаби жени...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во секој случај, во чикмаците помеѓу зградите на „Нова Македонија“ ми истрчаа од некаде едни грди луѓе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И тој почна божем со чудење колку е зол светот и грди луѓето, та зборуваат најгнасни работи, што еве тој, како добронамерен и пријателски настроен човек, демек, ќе ти ги кажел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што се однесува до баџанакот единствено ми е непријатно што двајцата знаеме дека тој беше во онаа група грди луѓе што ме тепаа или сакаа да ме тепаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)