грд (прид.) - судбина (имн.)

Таа грда судбина истече од нашите животи. Нејзините извори мораа да пресушат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во таа приказна, благодарејќи на мајчината љубов, детето се измолкнало од рацете на грдата судбина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Полека ја одгатнувам мојата мака Додека залудно букви си штракам (Дури и луѓето кои ги сакав Љубовта моја ја сметаа за млака) Неможејќи вечно да се убедуваме (Јас и зборот понизно се помиривме) – Грда судбина си пресудуваме 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)