грешен (прид.) - пат (имн.)

Ако овој долг се осознае, ако обединувањето на нашата интелигенција со бугарско, српско и грчко образование се постигне, ако се парализира работењето на пропагандите и се успее тие сосем да се отстранат од Македонија, ако се установат добри односи кон сите македонски народности и се подобри политичката и материјалната состојба на Македонците, тогаш, при сите дадени жртви, ќе можеме, покрај другото, да бидеме задоволни од едно: востанието ни ги отвори очите за грешниот пат по којшто одевме досега, по којшто ќе одевме и за напред, и без востанието сами ќе подготвевме почва за дележ; тоа ни ги отвори очите за многу наши нужди што и не ги претпоставувавме понапред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таквото непријатно чувство, верувам дека смеам да го наречам непријатно, и оној срам, што самите го спомнавте, всушност биле опомена од Севишниот дека го имате избрано грешниот пат, ме прекина Никола Леко, и покажа со прстот угоре.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Моето воспитание сепак си je оставило свои следи, и аз сум земал вo миналото извесни отношенија, нo бидејки имам во себе здраво монархическо и тоталитарно чувство, никога нема да тргнам по грешен пат.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)