гробен (прид.) - тишина (имн.)

А кога почна пописот, во Козар маало се всели гробна тишина како на закоп што никогаш не завршува...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Настана навистина гробна тишина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тишината, гробната тишина, беше посилна од сѐ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Завладеа гробна тишина. Ти се чинеше дека никој и не дише.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Настана десет–минутна гробна тишина. Нешто тропна, се отвори вратата, и што да видам?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се случи ненамерно и одеднаш, но ефектот беше зачудувачки: сѐ стивна како на гробишта, исчезна како сон.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Настанува гробна тишина. Пауза. Повторно чукање на портата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)