гротескен (прид.) - движење (имн.)

ЦОНКА: (По него.) Поцко, синко, не прави такви шеги со господа! Слуша тој и кога шепотиш, знае и што ќе помислиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Оваа латино романтика ги скокотка моите гротескни движења, ги отвора стегите на забранетата калиса.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
ПОЦКО: (По него, крстејќи се со широки гротескни движење.) Господе боже, кога овој будалест син не ме остави сам да си поможам, поможи ми ти, господе, дај ми кум каков си сакам, па ќе ти запалам в црква свеќа како греда!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Публиката паѓаше од смеа; беше пазуза, сите јадеа пуканки, пиеја „Кока-кола“, но се смееја; на еден голем, висок кревет, лежеа Ина и аѓутантот, и божем водеа љубов, со гротескни движења под една покривка; јас се качував, сакав да ги фатам на дело, но никако не ми успеваше: скалите стоеја во воздухот, јас ќе се качев до врвот и потем, кога требаше да ја ставам раката над очите и да видам, одеднаш ќе сјурев надолу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)