груб (прид.) - калдрма (имн.)

Здрвените од недвижност нозе се радуваа на зракот, разлеан врз грубата калдрма.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А тоа што не беше ни занимливо ни ново, вака изгледаше; долга, тесна улица на периферија, со стари, еднолични куќи во два реда, разделени со груба калдрма.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бремето го повлече кон грубата калдрма и тој, не ширејќи ги рацете и не барајќи со нив потпир во воздухот, невешто, скоро театрално падна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)