грчки (прид.) - интерес (имн.)

Затоа тој цврсто стоел на ставот, Британија непоколебливо да застане во заштита на грчките интереси.366 Притисокот на Сарџент вродил со плод.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Македонците фатија да се задлабочуваат во прашањето за нивната народност и интересите, и дојдоа до заклучок дека не се тие ни Срби ни Бугари; дека нема за нив ни бугарски, ни српски ни грчки интереси, а дека има само македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние немаме излишни народни сили за да ги принесеме на жртва за бугарските, српските и грчките интереси, зашто сегашната борба е само во туѓа полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Други од нас се во Грција и ги проучуваат грчките интереси и грчката историја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние треба да создадеме таква положба – да нема во Македонија ни бугарски, ни српски ни грчки интереси, зашто таму нема Бугари, Срби и Грци, ами има само Македонци од словенско потекло и некои други македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Природно е дека ќе ги употреби Грција сите дипломатски патишта за да се задржи во Македонија на тие позиции, каде што се наоѓа од средните векови, особено од времето на турското завладување на Македонија, а грчките интереси во Македонија се бранат не од една Грција, а и од големите сили што не сакаат да се засили словенскиот елемент.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во однос на грчките интереси, експертите на Форин офис заклучиле дека "Грција има етнички интерес, Солун и поголемиот дел од областа беа населени со Грци уште пред христијанската ера (види параграф 13, горе).
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на бугарскиот интерес, експертите ќе истакнат дека „Добивањето на поголемиот дел од Македонија е традиционална аспирација на бугарскиот народ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, грчки интерес е Бугарија да не се прошири (како во 1941) со вклучување на југословенска Македонија и не треба да се дозволи формирање на една словенска сила која ќе ја има цела негрчка Македонија и ќе го поседува Балканскиот Полуостров“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во 1913 г. Грција го доби поголемиот дел од внатрешноста населена со негрчко население.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)