грчки (прид.) - партизан (имн.)

_____ 39 За престојот на македонските и грчките партизани во Сукт види во моите романи „Постела за чемерните“ и „Големата измама.“.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Санитетските коли од Швиноујшче ги превезуваа грчките партизани во болницата „250“ на островот Волин.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И од тој ден веќе не бевме деца на мама и тато... бевме деца на грчките партизани, деца на генерал Маркос, бевме група на Евгенија, на Марија, на Лина, на Тина и не се велеше децата, туку таа и таа група да дојди, да оди, да се построи на ред за појадок, за ручек, за вечера... бевме група во која немаше име на дете, туку бројче изрежано на метална плочка со ликот на Маркос и на синџирче ја носевме обесена на врат30... а потоа, далеку на север, бевме детски дом број 1, број 2, број 3... и потоа одделеније, па клас... и ретки беа писмата што стигнуваа од дома... ...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)