густ (прид.) - дим (имн.)

Јас, сепак, ќе почекам да дојде она старо време кога кафеаната подразбираше густ дим, низ кој го бараш и тешко го пронаоѓаш избраникот да заигра со тебе, или барем до тебе, па девојчињата твои, кои за некоја година ќе бидат „нечии“, па нивните посилни половинки, па уште некое мило мало.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Селаните по сражението избегаа со семејствата и нешто пљачкуринки што можеа да понесат, во пештерите и гората и однаспоред гледаа кога Турците прво ги опљачкаа нивните домови, а потоа се дигна густ дим за да премине во пламен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првиот „ќеш“ го направија Арслан и Сефедин, но оставија голема стража да ги варди труповите на паднатите аскери дури да дојде комисија од Прилеп, а тие со остатокот војска влегоа во Полчишта да ги бараат од голораките селани виновниците за пролеаната крв — Тој бре ефенди, тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се замислија кајмакамот и бимбашијата, а веќе и мракот провлече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селото се прогледа како тепсија и Османлиите можеа да видат како од секоја куќа излегува густ дим од оџаците, а на сред село голем собор од луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На три чекори пред заптиите и аскерот таа грмна и ги покри со густ дим, од кој се слушнаа пискотница и псовки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)