дабов (прид.) - забел (имн.)

Сепак чекорев со сенка на продуван страв врз тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури го немаше ни оној што понекогаш (пред колку ли години?) можеше да се види меѓу крстовите и старите, израмнети гробови, ни него ни дабовиот забел зад гробиштата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)