далечен (прид.) - иднина (имн.)

Дали се тоа тополи израснати врз сегашната депонија, извишени во некоја далечна иднина?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа не прифаќаше дека среќата не постои, дека единствената победа лежи во далечната иднина, долго по нивната смрт, дека од моментот кога ќе и објавиш војна на Партијата подобро е да мислиш за себе како за мртовец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе се смиреше, по испиеното кафе, во утеха ќе си префрлеше дека сепак не е негова работа да си го цепи умот за далечната иднина, за комунизмот, има за тоа поумни глави... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
КРИСТИНА: Зошто дејствието на твојата пиеса се случува во далечна иднина?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Му рекоа дека се во фаза на организационо зајакнување и исклучиво не се во состојба да ги исполнат барањата на еколошките друштва, а за училишните секции - младите екологисти - е тоаби било во некоја далечна иднина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)