далечен (прид.) - облак (имн.)

Некогаш ги зафаќаше и навреме полковниците, ги заплуснуваше ненадеен дожд; за миг стасуваа далечните облаци кои потпомогнати од некакви високи ветришта што талкаа по небесните височини; ги опсипуваше во трчаница, кусо, но обилно, така што ни дрвјата под кои се засолнуваа, не можеа да ги заштитат; искиснати, им идеше студенило по снагата, морници, и со брзаница слегуваа низ падините кон селото, влечејќи ги коњите за уздите од чии тела избиваше пареа како да поминале низ врела вода.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сал нејзиниот мирис како далечен облак од јасмини лимони кринови од најубавите цвеќа се истура млако врз тремот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се случи стрико Благоја да се најде со овоој пријетел Андон Белиот, да се поздрави со него, и следејќи го со очи далечниот облак, да го извади дрвеното луле.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се случи стрико Благоја да се најде со својот пријател Андон Белиот, да се поздрави со него и следејќи ги со очи далечниот облак, да го извади дрвеното луле.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)