далечен (прид.) - ѕвезда (имн.)

Фасадите потпукнуваат почесна стрелба, ги шират своите цврсти ѕидови... минуваат купишта луѓе, креатури од далечните ѕвезди, виолетови каскади... продираат во ѕидовите, заканувајќи се тонат во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Самото сознание дека на дофат се наоѓаат инструменти со кои може да се следи движењето на далечните ѕвезди, веднаш пренесува до други сознанија, кои се надвор од доменот на тукашните разбирања за светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таму некаде близу до квазарите, до тие далечни ѕвезди, таа стоеше трепкајќи во ритмот на нејзиното срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стоеше се така загледан во далечните ѕвезди, а очите му гореа во огнен сјај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Му ја доверував оваа метафора на Дарвиш. Тој внимателно ме слушаше, сигурно размислувајќи за своите далечни ѕвезди...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И јас во детството, откако ја минавме со семејството со едно кајче блиската граница и останавме засекогаш емигранти, секогаш готови да се најдеме на облакот крај другиот брег, како во слика на Шагал.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Очите ѝ се слаби и дење, ноќе е како слепа, одвај ја забележува и светлоста на далечните ѕвезди, тие неми сведоци на оваа необична средба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Човечките судбини во Гнездо плетеа чудесни, честопати невидливи мрежи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има мигови во кои лудите се издвојуваат од својата не-реалност, и во таа кратка пауза во времето чувствуваат некоја повисока реалност, како некакво претчувство за крајната испреплетеност на судбините кои сочинуваат соѕвездија на Земјата, кои можат да се видат единствено од некоја далечна ѕвезда. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Замислете си да почнат да ни се обраќаат во некоја летна ноќ тие далечни ѕвезди ?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)