далечен (прид.) - планински (прид.)

Некои се наведнале и на стврднатата петица под дупнатиот опинок нашле стара рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не, Симон Наконтик секако згрешил: на далечните планински врвови, подолу, снегот уште блескал а грчот на ветрот не ветувал скоро цутење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислеше на далечната планинска земја Босна (отсекогаш при помислата на Босна имаше кај него нешто темно), која и самата светлост на исламот можеше делумно да ја осветли и во која е животот, без каква и да е питомост, сиромашен, штур и одвратен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тој миг, по умирање на ветрот, животот е вкочанет: далечните планински реки и водопади се без движење, неколкуте гулаби во височина се залепени за оловната плоча на небото, говедата и нивниот чувар на горбиштата се најголемата фотографија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Везирот му обрна внимание на муалимовиот натпис во стихови, пополека ја крена раката и двапати го прецрта целиот натпис.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)