двоен (прид.) - стража (имн.)

На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколку момчаци, синовите на покојните Онисифор Мечкојад, Никифор Ганевски и Каменчо Скитник, биле врзани за дрво и јавно тепани со камшици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ноќ во селото Чаништа, откаде Толе зеде брави и леб, и откаде требаше и за утре да се однесе пак јадење на Маргара ни леб се месеше, ни брави се печеа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Грижата за заштита му беше поверена на официрот од српската војска, Црногорецот Јозо Ивановиќ, кој како искусен војник ја оцени месноста и со заштитницата на знамето се оддели од главните сили и го поседна вечерта врвот „Касматова Тумба", кој доминира над Маргара, а од исток на Острилата постави двојна стража.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)