двокрилен (прид.) - врата (имн.)

Во дното двокрилна врата и два прозорци, низ кои се гледа дворот сиот во зеленило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Насреде, за излегување на балконот, двокрилна врата со стакла.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Пајтонџијата го фати за рамо, ама момчето, цврсто држејќи се за наслонот од седиштето, клоцаше и викаше: - Не!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го потераа бикот во кланицата. Одвнатре ја запнаа со греда тешката двокрилна врата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Назад десно, двокрилна врата, а лево соба подигната во која се влегува по неколку скали.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А најмногу викаше „Не сакам“ кога се затвори зад црниот пајтон големата двокрилна врата од неизделкани дрва и испреплетена со бодлива жица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)