дебел (прид.) - врат (имн.)

Речиси сите обесиле околу дебелите вратови златни синџири и троа позлатни крстови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Крчмарот не беше слаб. Имаше долги раце и дебел врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Шарпланинец: јадар во телото, во главата, во нозете: широк, дебел врат, голема уста, постојано подзината, јадри, изострени заби меѓу кои црвенее издолжениот јазик.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Откако оние што се нарекуваат спасители на верата, со огрлица од заби на див вепар околу дебелиот врат, упаднаа во Градот, и расфрлајќи пцости и оглодени коски од недоноќните гозби, ги изгнасија плоштадите, не е сигурен дали следниот пат ќе се запрат на искршените порти и ограбувањето...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
О'Брајан беше голем, крупен човек со дебел врат и со грубо, шеговито и брутално лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)