дебел (прид.) - стебло (имн.)

Наместа снегот, натрупан по дебелите стебла и гранките на буките, сосем ги скриваше дрвјата, некаде пак каде што тој не навеал добро или се одронил пред време, се покажуваше црнилото на испреплетените стебла и гранки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Горе, меѓу нивните врвови, завива ветрот, го истресува снегот, крши гранки и стенка меѓу дебелите стебла.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оди полека и наведната, повеќе држејќи се близу дебелите стебла.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Удира врз дебелите стебла, прекршува гранки и се враќа како тешко и болно офкање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе ги закопаат во јама, претходно ископана близу дебелото стебло на буката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одеше со чувство дека му гази в петици на она ѕвере, што поминало тука не водејќи сметка за него; беше лесно да се чекори по тој широк пат, беше одморен чекорејќи по него, а кога навлезе подлабоко меѓу дебелите стебла под снежната сеница на крошните од дрвјата, тој можеше бесшумно да се покажува во секоја од идните долки, што му го сечеа патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цело време нѐ придружуваше само тишина и шумолење на ветерот меѓу дебелите стебла на боровите и буките олишени од авионски, топовски и минофрлачки гранати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)